На Попова Шапка повторно се појави сцена која тешко би ја очекувале во нормално урбанистичко решение.
Станува збор за објект изграден така што електричен столб минува директно низ покривот на куќата. Наместо инфраструктурата да биде поместена или објектот да се прилагоди на постојните услови, изгледа дека е избрано третото решение – куќата едноставно е изградена околу бандерата.
Фотографијата отвора многу прашања за начинот на кој се гради на една од најпознатите туристички локации во земјава.
Веста ја пренесува A1on.mk

