Новата сезона на музичкото шоу „Пинкови ѕвезди“ веќе почна да ги открива своите адутите, а меѓу најголемите имиња повторно ќе биде Јелена Карлеуша.
Сопственикот и директор на „Пинк медија груп“, Жељко Митровиќ, официјално го стави потписот на договорот со поп-пејачката, со што е потврдено нејзиното повторно учество во жирито на популарното музичко натпреварување.
Договорот бил потпишан во кабинетот на Митровиќ, а тој по тој повод откри дека подготовките за новата сезона се веќе во полн ек.
Според него, токму Карлеуша и Десингерица биле меѓу членовите на жирито кои во претходната сезона предизвикале најголем интерес кај јавноста.
Митровиќ најави дека новото издание би можело да биде уште поинтересно, бидејќи, како што вели, меѓу членовите на жирито веќе има „варничење“.
Во тек е и изборот на кандидатите. Досега се селектирани околу 150 натпреварувачи, додека остануваат уште приближно 30 места. Кастинзите и аудициите ќе продолжат уште околу една недела до десетина дена.
Покрај музичкото шоу, при потпишувањето на договорот се зборувало и за една тема која особено ја засега Карлеуша – заштитата на животните.
Митровиќ раскажа дека бил импресиониран од нејзината јавна реакција во врска со случајот со две убиени кучиња. Тој истакна дека и самиот се грижи за животни и дека во неговиот дом живеат повеќе кучиња.
Карлеуша, пак, откри дека е активна во организацијата „ПЕТА“ и дека досега има вдомено девет кучиња, од кои дел се со попречености. Таа кажа дека животните се згрижени во две куќи.
Кога станува збор за нејзиното враќање во шоуто, Карлеуша не крие дека очекува многу од новата сезона.
„Голема чест ми е. Претходната сезона беше фантастична, а сега мислам дека се загреваме за сезона на животот“, порача пејачката.
Покрај Карлеуша, договор за новата сезона потпишал и Драгомир Деспиќ, попознат како Десингерица.
Митровиќ се пошегува на негова сметка, потсетувајќи на неговите препознатливи настапи и провокативно однесување во претходната сезона. Според него, Десингерица овојпат бил прилично дисциплиниран, а дел од ситуациите кои не биле погодни за емитување останале зад камерите.
Сепак, Деспиќ имал и еден необичен услов за своето учество – робот.
Тој низ шега објасни дека би сакал робот кој би можел да му помогне со домашните обврски, па дури и да му ја наводнува градината и да помага околу ручекот. Во шеговит тон додал дека би сакал и робот кој би можел да го масира кога сопругата не е дома.
Митровиќ одговорил дека ќе направат нешто по тоа прашање, оставајќи простор и за нови изненадувања во сезоната.
Едно е сигурно – со Карлеуша и Десингерица повторно во жирито, „Пинкови ѕвезди“ и оваа сезона има сериозни адути за внимание кај публиката.
Веста ја пренесува Pink.rs
