Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Бугарија Владимир Путин Володимир Зеленски Грција Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Иран Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автомобил бензин болница гориво грција дискотека донација земјотрес кочани македонија напад невреме несреќа пари плата пожар полиција протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија трагедија убиство црква
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

(ФОТО) 5 тинејџери загинаа во стравична несреќа: Снимале опасно возење за социјалните мрежи!

Gladiator 22/08/2026

Пет тинејџери го загубија животот во тешка сообраќајна несреќа во Ирска, откако автомобилот во кој се наоѓале се движел во спротивна насока на автопат. Според досегашните сознанија од истрагата, опасното возење било и снимано, наводно со цел материјалот да биде објавен на социјалните мрежи.

Несреќата се случила во раните утрински часови на 16 август на автопатот М9. Автомобилот БМВ со петте млади лица се движел во спротивен правец, по што директно се судрил со автомобил „Хјундаи“.

Во второто возило имало три сестри и седумгодишно дете. Сите четворица се здобиле со тешки повреди.

Семејството во моментот на несреќата патувало кон аеродромот во Даблин, од каде требало да заминат во Велика Британија на семејна свадба.

Меѓу загинатите се 15-годишниот Џо Карти, 17-годишните Камил Пустковски, Џек Кенеди и Алекс Мекарти, како и 18-годишниот Џереми О’Брајан.

Ирската полиција истражува и други околности поврзани со групата. Според досегашните информации, постојат сомнежи дека дел од младите претходно биле поврзани со провали во куќи и автомобили во округот Килдер.

Истрагата проверува и дали намерно се обидувале да предизвикаат полициска потера. Дополнително, се појавија информации дека некои од нив и претходно објавувале снимки со ризично возење.

На интернет со години се појавуваат снимки од екстремно брзо возење, бегство од полиција и возење во спротивна насока. Во дел од овие видеа, опасното однесување станува главниот дел од содржината, а реакциите од публиката дополнително го поттикнуваат интересот.

Сепак, пензионираниот полицаец Греам Каванаг предупредува дека вината не може едноставно да се префрли врз социјалните мрежи.

Тој смета дека треба да се постави и прашањето како група од пет млади луѓе заеднички дошла до одлука да преземе толку голем ризик. Според него, одговорноста за спречување на ваквото однесување е поширока и ги опфаќа семејствата, училиштата, социјалните служби и институциите.

По несреќата, дополнителен притисок беше насочен и кон ТикТок, откако на платформата повторно се појавија видеа поврзани со опасно возење.

Компанијата не се појавила пред парламентарниот комитет за медиуми, образложувајќи дека во тек се полициска и регулаторна истрага. Од компанијата посочиле и дека и други платформи не биле повикани пред комитетот.

Претседателот на комитетот, Алан Кели, остро го критикувал потегот и го опишал како навреда кон ирската јавност.

Во меѓувреме, дел од политичарите во Ирска бараат дополнително заострување на законите. Меѓу предлозите е и најопасните случаи на возење во спротивна насока на автопат да се третираат како особено тешки кривични дела.

Случајот предизвика поделени реакции и во јавноста. На интернет се појавија и бројни навредливи коментари кон загинатите, поради што семејствата на дел од младите ги отстраниле осмртниците од интернет. Погребите на некои од нив биле обезбедувани и од полицијата.

Паралелно, голема поддршка доби семејството кое било во „Хјундаи“. За нивната помош биле собрани повеќе од 660.000 евра.

Веста ја пренесува Skopje1.mk

Tags: автомобил автопат несреќа тинејџери

Continue Reading

Previous: (ВИДЕО) Новото страшно оружје на Путин ги „заледи“ Украинците
Next: (ФОТО) Катастрофален крај на потрагата која го потресе регионот: Спасувачите затекнале ужасни сцени

Најново

  • (ФОТО) Катастрофален крај на потрагата која го потресе регионот: Спасувачите затекнале ужасни сцени
  • (ФОТО) 5 тинејџери загинаа во стравична несреќа: Снимале опасно возење за социјалните мрежи!
  • (ВИДЕО) Новото страшно оружје на Путин ги „заледи“ Украинците
  • Македонкa се бара во Карловац: Бојана, која е вмешана во случај со убиство, исчезна со своето дете
  • (ФОТО+ВИДЕО) Политичар снимен како се бакнува со помлада колешка: Политички земјотрес во Хрватска

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

(ФОТО) Катастрофален крај на потрагата која го потресе регионот: Спасувачите затекнале ужасни сцени

(ФОТО) Катастрофален крај на потрагата која го потресе регионот: Спасувачите затекнале ужасни сцени

22/08/2026
(ФОТО) 5 тинејџери загинаа во стравична несреќа: Снимале опасно возење за социјалните мрежи!

(ФОТО) 5 тинејџери загинаа во стравична несреќа: Снимале опасно возење за социјалните мрежи!

22/08/2026
(ВИДЕО) Новото страшно оружје на Путин ги „заледи“ Украинците

(ВИДЕО) Новото страшно оружје на Путин ги „заледи“ Украинците

22/08/2026
Македонкa се бара во Карловац: Бојана, која е вмешана во случај со убиство, исчезна со своето дете

Македонкa се бара во Карловац: Бојана, која е вмешана во случај со убиство, исчезна со своето дете

22/08/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • (ФОТО) Катастрофален крај на потрагата која го потресе регионот: Спасувачите затекнале ужасни сцени
  • (ФОТО) 5 тинејџери загинаа во стравична несреќа: Снимале опасно возење за социјалните мрежи!
  • (ВИДЕО) Новото страшно оружје на Путин ги „заледи“ Украинците
  • Македонкa се бара во Карловац: Бојана, која е вмешана во случај со убиство, исчезна со своето дете
  • (ФОТО+ВИДЕО) Политичар снимен како се бакнува со помлада колешка: Политички земјотрес во Хрватска

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.