Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Бугарија Владимир Путин Володимир Зеленски Грција Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Иран Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автомобил бензин болница гориво грција дискотека донација земјотрес кочани македонија напад невреме несреќа пари плата пожар полиција протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија трагедија убиство црква
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

„Тинекс“ пред голема промена: Празни рафтови, продажба на бизнисот и милионска загуба!

Gladiator 21/08/2026

По повеќе од три децении присуство на македонскиот пазар, „Тинекс“ се соочува со период на големи промени. Во дел од продавниците веќе се забележува празнење на рафтовите, додека во исто време компанијата е во процес на продажба на својот бизнис на косовската компанија „Проекс интернационал“.

Во еден од поголемите маркети на „Тинекс“ во Скопје, спроти Зелениот пазар, ситуацијата е забележлива уште при првиот поглед. На дел од рафтовите сè уште може да се најдат слатки, конзервирана храна и одредени замрзнати производи, но повеќе оддели се речиси целосно испразнети.

Најочигледна е состојбата во делот за свежо месо и месни производи, како и кај млечните производи, каде што речиси и да нема понуда.

Сето ова доаѓа во период кога компанијата неодамна најавуваше поинаква иднина. Кон крајот на 2024 година „Тинекс“ започна со воведување каси за самонаплата, како дел од плановите за дигитализација и модернизација на своите продажни места.

Само неколку месеци подоцна, летово, компанијата отвори и нов, современ маркет во „Мега шопинг парк“ во Гевгелија. Објектот се простира на околу 1.450 квадратни метри.

Но, наместо продолжување на експанзијата, набргу следуваше информација дека „Тинекс маркет ДООЕЛ“ го продава својот бизнис на „Проекс интернационал“ од Косово.

Засега не е целосно разјаснето дали договорот се однесува на сите продажни објекти на „Тинекс“. Во јавноста се појавија информации дека од продажбата би можеле да бидат изземени одредени имоти и деловни комплекси, меѓу кои се споменува и „Зебра“.

„Проекс интернационал“ главно работи во секторот трговија на мало, со фокус на неспецијализирани продавници во кои доминираат прехранбени производи, пијалаци и тутун.

Комисијата за заштита на конкуренцијата на 11 август соопшти дека косовската компанија и групацијата на која ѝ припаѓа немаат поврзани компании регистрирани во Северна Македонија, ниту оствариле приходи на македонскиот пазар во текот на 2025 година.

Од Комисијата посочија дека по прелиминарното разгледување постои можност трансакцијата да потпаѓа под одредбите од Законот за заштита на конкуренцијата. Конечната одлука сè уште не е донесена, а заинтересираните страни се повикани да ги достават своите мислења и евентуални забелешки.

Дополнителен показател за тешкотиите низ кои минува „Тинекс“ се и финансиските резултати.

Според податоците од „Бизнис мрежа“, пренесени од порталот „Пари“, компанијата во 2025 година остварила приходи од 86,3 милиони евра. Тоа е пад од околу 16,5 отсто во споредба со 2024 година, кога приходите достигнале 103,4 милиони евра.

Уште позначајна е промената кај добивката. По добивката од 879,3 илјади евра во 2024 година, компанијата во 2025 година прикажала загуба од приближно 3,5 милиони евра.

Во истиот период се намалил и бројот на вработени. Ако во 2024 година „Тинекс“ имал 1.140 вработени, една година подоцна бројката паднала на 995 лица, односно за околу 12,7 отсто.

Промени има и во друг дел од бизнисот. Според досегашните медиумски информации, парфимериите „Космо“, заедно со залихите и инвентарот, преминуваат во сопственост на белградската компанија „Јасмин“, која исто така работи во секторот на парфимерија и козметика.

Така, бренд кој со децении беше препознатлив дел од секојдневното пазарење на македонските граѓани денес се наоѓа пред значајна пресвртница. Дали станува збор за целосно повлекување на „Тинекс“ од малопродажниот пазар или за промена на сопственичката структура и нова фаза во неговото работење, останува да покаже конечниот исход од постапките.

Веста ја пренесува Слободен печат.

Tags: празнење рафтови тинекс

Continue Reading

Previous: (ФОТО) Супа за ручек, вода на сонце за туширање: Храбрите пожарникари на мал одмор по непроспиени ноќи и деноноќна борба со пожарите
Next: (ВИДЕО) Погоден важен авион на Русија: Објавени сателитски снимки од нападот

Најново

  • (ФОТО) Тирана реагира зошто не се интонирала албанската химна во Пустец
  • (ВИДЕО) Скопјани во шок: Змија долга речиси еден метар ја вознемири околината, погледнете каде!
  • (ВИДЕО) Погоден важен авион на Русија: Објавени сателитски снимки од нападот
  • „Тинекс“ пред голема промена: Празни рафтови, продажба на бизнисот и милионска загуба!
  • (ФОТО) Супа за ручек, вода на сонце за туширање: Храбрите пожарникари на мал одмор по непроспиени ноќи и деноноќна борба со пожарите

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

(ФОТО) Тирана реагира зошто не се интонирала албанската химна во Пустец

(ФОТО) Тирана реагира зошто не се интонирала албанската химна во Пустец

21/08/2026
(ВИДЕО) Скопјани во шок: Змија долга речиси еден метар ја вознемири околината, погледнете каде!

(ВИДЕО) Скопјани во шок: Змија долга речиси еден метар ја вознемири околината, погледнете каде!

21/08/2026
(ВИДЕО) Погоден важен авион на Русија: Објавени сателитски снимки од нападот

(ВИДЕО) Погоден важен авион на Русија: Објавени сателитски снимки од нападот

21/08/2026
„Тинекс“ пред голема промена: Празни рафтови, продажба на бизнисот и милионска загуба!

„Тинекс“ пред голема промена: Празни рафтови, продажба на бизнисот и милионска загуба!

21/08/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • (ФОТО) Тирана реагира зошто не се интонирала албанската химна во Пустец
  • (ВИДЕО) Скопјани во шок: Змија долга речиси еден метар ја вознемири околината, погледнете каде!
  • (ВИДЕО) Погоден важен авион на Русија: Објавени сателитски снимки од нападот
  • „Тинекс“ пред голема промена: Празни рафтови, продажба на бизнисот и милионска загуба!
  • (ФОТО) Супа за ручек, вода на сонце за туширање: Храбрите пожарникари на мал одмор по непроспиени ноќи и деноноќна борба со пожарите

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.