Необична глетка ги изненади минувачите во близина на кулите „Џевахир“, каде што била забележана голема змија како ја преминува улицата.
Според очевидци, змијата била долга околу еден метар и без брзање се движела од едната кон другата страна на коловозот.
Присуството на змијата предизвикало внимание кај граѓаните кои се нашле во близина, а снимката од необичната средба брзо започнала да се споделува на социјалните мрежи.
Засега нема информации за тоа за каков вид змија станува збор, ниту дали е преземено нешто за нејзино безбедно отстранување од урбаната средина.
Нејзиното појавување повторно го отвора прашањето за присуството на диви животни во густо населените градски подрачја, особено во топлите летни месеци.
Веста ја пренесува 24info.mk
