Фото: Принтскрин
Докторот Ненад Лазаров со жесток статус на социјалните мрежи се осврна на реакциите поврзани со казните за сообраќајни прекршоци во Македонија, испраќајќи порака до српските граѓани кои патуваат низ земјава.
„Браќа Срби, не возете ко индијанци низ Македонија и нема проблем да имате. Да, очигледно е проблематична наплатата на казни во моментов но сигурен сум ќе се реши и тоа. На кој не му чини, ене ви ја Бугарија фурајте таму боље аутопат има, до Qац у крај краева, доста ни е на сите од објаснуења и правдање кон соседите, ич не поминувајте. Можете и преку Црна Гора и Албанија. Важи за сите нас важи и за вас“, напиша д-р Лазаров.

