Силна експлозија вчера одекнала во Велика Моштаница, Србија, при што дошло до целосно уривање на една семејна куќа.
Според првичните информации, најверојатно експлодирал бојлер, по што дошло до силна детонација и рушење на објектот. Сепак, точната причина за несреќата допрва треба да биде утврдена.
Повредена жена била извлечена од под урнатините и итно пренесена со санитетско возило во болница, каде што продолжило нејзиното медицинско згрижување.
Во куќата, според првичните информации, се наоѓало и друго лице кое останало заробено под урнатините. Според наводите, лицето сè уште дава знаци на живот, а спасувачките екипи интензивно работат на неговото извлекување.
Се очекуваат повеќе информации за состојбата на повредените, како и за точните околности што довеле до експлозијата.
Веста ја пренесува Blic.rs
