Тешки моменти за семејството на пејачот Елвир Мекиќ. Неговиот брат Елвис ненадејно почина на 45-годишна возраст, оставајќи зад себе голема празнина кај најблиските.
Веста за трагичната загуба ја сподели самиот Елвир, кој преку својот профил на Инстаграм ги информираше роднините, пријателите и сите оние кои го познавале Елвис.
Во објавата бил споделен и некрологот, со информации за последното испраќање. Погребот на Елвис ќе се одржи денеска на старите гробишта во селото Батинци.
Семејството во овие тешки моменти се соочува со ненадејна и голема загуба, а од најблиските пристигнуваат пораки на сочувство и поддршка.
Веста ја пренесува Kurir.mk


