Исплатата на повратот преку „МојДДВ“ за вториот пресметковен период е во тек, па дел од граѓаните веќе ги добиле средствата на своите трансакциски сметки.
Се работи за поврат на дел од платениот данок на додадена вредност за фискалните сметки што биле скенирани во периодот од април до јуни.
Сите граѓани кои во овие три месеци ги скенирале своите сметки преку апликацијата „МојДДВ“ можат да проверат дали средствата веќе им се префрлени.
Од надлежните институции потсетуваат дека исплатата се реализира во законски предвидениот рок. Крајниот рок за исплата на средствата е 31 август.
Тоа значи дека доколку повратот сè уште не е евидентиран на вашата сметка, нема простор за паника. Исплатата не се врши истовремено за сите корисници, туку постепено.
Граѓаните кои ги исполнуваат условите за поврат можат едноставно да ја проверат својата трансакциска сметка и да утврдат дали средствата се веќе уплатени.
Доколку сè уште не ви легнале парите, почекајте до истекот на законскиот рок – 31 август.
Веста ја пренесува Direkten.mk
