Тишина, болка и неверојатна глетка ги обвија присутните кога припадници на Горската спасителна служба од различни делови на земјата ги изнесоа ковчезите со телата на петтемина трагично загинати планинари. Станува збор за трагичен настан во Босна и Херцеговина, каде што во Зеница беа испратени петтемина планинари кои го загубија животот на Елбрус во Русија.
Колегите спасувачи, кои секојдневно се соочуваат со најтешките ситуации во планините, овојпат имаа особено болна задача. Наместо да се борат за нивниот живот, тие ги испратија на нивниот последен пат.
Со огромна почит и достоинство, припадниците на спасителните екипи заеднички го извршија последното испраќање, оставајќи силна порака за солидарноста и човечноста што ги поврзува луѓето кои својот живот го посветиле на спасување други.
Трагедијата остави длабока празнина, а сцените од испраќањето сведочеа за тежината на загубата. За оние што ги познавале, ова не беше само професионална обврска, туку болен момент на разделба со луѓе со кои ја споделувале љубовта кон планината и опасната, но благородна мисија да им помагаат на другите.
Веста ја пренесува Dnevniavaz.
