Граѓаните кои редовно скенираат фискални сметки преку апликацијата „МојДДВ“ имаат причина за задоволство – исплатата на средствата за последното тримесечје е реализирана!
Од Управата за јавни приходи потврдуваат дека средствата се исплаќаат на трансакциските сметки на корисниците, според податоците што се внесени во системот.
За многумина, повратот од „МојДДВ“ претставува убав дополнителен приход, особено за оние кои редовно ги скенираат фискалните сметки.
Парите се исплаќаат на сметките на корисниците, па доколку сте учествувале во „МојДДВ“, проверете ја вашата трансакциска сметка.
А ако сè уште не сте ги скенирале сите фискални сметки, не заборавајте – апликацијата и понатаму е активна, а со секоја скенирана сметка можете да остварите поврат согласно условите на мерката.
Добра вест за сите што скенираат – исплатата е реализирана, а парите пристигнуваат кај граѓаните!
Веста ја пренесува Direkten.mk
