Земјотрес со локална магнитуда од 2,5 степени според Рихтеровата скала денеска попладне беше регистриран во епицентралното подрачје Тетово–Гостивар.
Според информациите од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, потресот се случил во 16:10 часот, а неговиот епицентар бил лоциран на околу 47 километри југозападно од Скопје.
Потресот бил почувствуван во Гостивар и во околните населени места. Според Европската макросеизмичка скала, почувствуваниот интензитет бил проценет на III до IV степен.
Засега нема информации за причинета материјална штета или повредени лица.
Веста ја пренесува Nezavisen.mk

