Фото: Принтскрин
Големиот пожар што го зафати Пељешац остави сериозни последици, а меѓу објектите кои не успеаја да бидат спасени е и малата црква „Свети Петар и Павле“ во Потомје. Огнената стихија целосно го уништи објектот, оставајќи зад себе само урнатини.
Пожарот избувна во областа Куна Пељешка, а поради силниот ветер и сувата вегетација огнот брзо се прошири кон населените места. Ситуацијата дополнително ја отежнуваше тешко пристапниот терен, додека пламените јазици се приближуваа и до куќите.
На теренот биле распоредени околу 60 возила и 230 пожарникари, а во гасењето учествувале и четири канадери.
Видеото може да се погледне ТУКА.
