Фото: https://nestali.gov.hr/
Драгана Антешевиќ (34) од Котор Варош исчезнала за време на големиот пожар што го зафатил подрачјето околу Омиш во Хрватска.
Таа во земјата дошла како сезонска работничка, а нејзиното семејство веднаш по исчезнувањето започнало потрага и стапило во контакт со надлежните служби.
Драгана последен пат била видена на 13 август во Станичи, додека се обидувала да избега од пожарот.
Според досегашните информации, таа била во автомобил со уште две лица, но во еден момент се оддалечила од возилото и оттогаш ѝ се губи трагата. Едно од лицата што било со неа било повредено.
