На 14 август попладне, во 18:08 часот, во Охридско-Ресенскиот регион е регистриран слаб земјотрес со локална магнитуда од 2,0 степени според Рихтеровата скала.
Според првичните автоматски сеизмолошки податоци, жариштето на потресот се наоѓало во околината на селото Куратица, во североисточниот дел од Охрид, во близина на Лескоец.
Земјотресот бил на длабочина од приближно 15 километри.
Со магнитуда од 2,0 степени, потресот се категоризира како слаб и најчесто не предизвикува последици или материјална штета. Вакви земјотреси понекогаш може да ги почувствуваат поединци, особено оние кои се наоѓаат во мирување или на повисоките катови од зградите.
Засега нема информации за причинета материјална штета или други последици од потресот.
Веста ја пренесува 24info.mk

