Борбата со пожарите продолжува во Битолско, каде што екипи на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и пожарникари интервенираат кај Новоселани.
Службите се на терен и преземаат активности за ставање под контрола на огнената стихија и спречување на нејзино понатамошно ширење.
Пожарите во овој дел од битолско предизвикуваат сериозна опасност, а ангажираните екипи со максимални напори се обидуваат да ја локализираат ситуацијата.
