Фото: Принтскрин
За оние кои се навикнати да остават пешкир, чадор или лежалка навечер за следното утро да имаат свое место на плажа, од Халкидики пристигнува важно предупредување. Општина Касандра продолжува со акциите за отстранување на оставена опрема од плажите и јавните површини.
Мерката не се однесува само на локалното население, туку и на странските туристи. Практично, посетителите се предупредуваат дека не треба да оставаат опрема преку ноќ со намера следниот ден повторно да го користат истото место.
Од плажите се отстрануваат различни предмети, меѓу кои пешкири, душеци, приватни чадори, лежалки, столчиња и друга опрема која останува без присуство на сопствениците.
