Фото: Принтскрин
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети гостуваше во „РТВ21“ при што откри дека побарал од Артан Груби да се врати во Македонија.
Ахмети кажа дека се надева дека Груби ќе биде ослободен, а доколку ја злоупотребил неговата доверба, тогаш ќе одговара.
„Јас бев главен поддржувач кој побара Груби да се врати во Македонија. Тој се заколна дека ќе работи чесно. Сакам да се спроведе вистинска правда. Ако ја злоупотребил мојата доверба, ќе одговара за тоа“, кажа Ахмети.
