Фото: Принтскрин/Pressing One
Лидерот на ДПА, Мендух Тачи гостуваше во емисијата „Pressing One“ на Телевизијата „Т7“ каде што зборуваше за првиот човек на ДУИ, Али Ахмети.
Тачи вели дека е дежурен противник на Ахмети, но досега давал реални оценки за него.
„По сите овие години во политиката, според мене, Ахмети е најневерниот човек кој сум го запознал во животот. Крајниот резултат од политиката на Ахмети е со минус. Не дека добивме нешто од тоа“, вели тој.
