Силен земјотрес со магнитуда од 7,3 степени според Рихтеровата скала ја погоди Колумбија, предизвикувајќи силно тресење во повеќе области.
Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки институт, епицентарот бил регистриран на околу 34 километри северозападно од градот Картаго, кој се наоѓа меѓу Кали и Меделин.
Потресот се случил на длабочина од околу 115 километри, покажуваат првичните сеизмолошки податоци.
Силниот потрес предизвика вознемиреност кај населението, а надлежните служби ги следат информациите за евентуални последици и материјална штета.

