Здравствената состојба на поранешниот американски претседател Џо Бајден се влошила, а неговиот син Хантер откри дека ракот на простата од кој боледува неговиот татко се проширил и на коските.
Во интервју за емисијата „Би-би-си њузнајт“, Хантер Бајден зборуваше отворено за тешкиот период низ кој минува неговото семејство. Тој изјави дека е особено болно да се гледа како неговиот татко се соочува со последиците од болеста.
Според неговите зборови, ракот повеќе не е ограничен само на простатата, туку метастазирал во коските и продолжил да се шири.
И покрај сериозноста на состојбата и болките со кои се соочува, Џо Бајден продолжува да биде активен во јавноста. Хантер посочи дека неговиот татко и натаму јавно зборува за темите и прашањата за кои смета дека се важни.
Изјавите на Хантер повторно го ставија здравјето на поранешниот претседател во центарот на вниманието, додека неговото семејство се соочува со тешкиот развој на болеста.
Веста ја пренесува Detroitnews.com
