Невообичаен инцидент го прекина заседанието на Собранието на Косово, откако пратеничката Тиме Кадријај од Алијансата фрли јајца кон косовскиот премиер Албин Курти.
Настанот предизвика прекин на собраниската расправа, а во салата веднаш реагирало обезбедувањето на премиерот. Телохранителите на Курти влегле во собраниската сала по инцидентот, по што работата на пратениците била прекината.
Ситуацијата предизвикала тензија во парламентот, а седницата не продолжила во моментот на инцидентот.
Веста ја пренесува 24chasa.mk
