Фото: Принтскрин
Македонската заедница во Австралија има голема причина за славење. Престон Лајонс, еден од најпознатите клубови со македонски корени во земјата, го освои престижниот Докерти куп, откако во големото финале го совлада Хајделберг Јунајтед со 3-1.
Финалето во Мелбурн донесе вистински спектакл, а на теренот се сретнаа два клуба со силна традиција и големо ривалство. Хајделберг, кој има силна поврзаност со грчката заедница, поведе во натпреварот, но Престон не се предаде.
Македонскиот клуб одигра одлично продолжение и со серија од три гола направи целосен пресврт за голема победа од 3-1.
