Фото: Принтскрин
Несекојдневен инцидент е забележан кога земјоделец со трактор намерно оштетил свежо поставен асфалт на една од улиците во Гливице, Полска.
На видеото, кое се појави на интернет, се гледа црвен трактор како го спушта плугот директно врз новиот асфалт, а потоа продолжува да се движи по улицата, оставајќи долга и длабока бразда на коловозот.
Инцидентот, според информациите, се случил попладнето на 7 август на улицата „Рибацка“. Снимката ја објавила градоначалничката на Гливице, Катаржина Кучинска-Будка, која посочила дека земјоделец од населбата Остропа стои зад оштетувањето.
Според неа, ова не бил првпат истиот земјоделец да направи проблем со патот, кој се протега покрај земјоделско земјиште. Фармерот, наводно, со години се спротивставувал на реконструкцијата на улицата.
