Безбедносни снимки што неодамна беа објавени откриваат драматични моменти од силниот земјотрес со магнитуда од 6,8 степени што ја погоди Јапонија кон крајот на јули.
Во моментот кога тлото почнало силно да се тресе, во Општата болница во Кумамото се изведувале четири хируршки интервенции. На една од снимките од операциона сала се гледа како лекарите и медицинските сестри веднаш реагираат, застанувајќи околу пациентот за да го заштитат од можни повреди, додека медицинската опрема опасно се ниша. Во исто време, една медицинска сестра ја отвора вратата за да обезбеди безбеден излез доколку биде неопходна итна евакуација.
И покрај исклучително тешките услови, сите четири операции биле успешно завршени без прекин, соопштиле од болницата.
По привремениот прекин на амбулантските услуги по земјотресот што се случи на 28 јули, Општата болница во Кумамото од 5 август повторно работи со редовен капацитет.
Веста ја пренесува Bbc.com
