Фото: Принтскрин
Речиси 16.000 странски државјани од најмалку 72 земји во моментов служат во Одбранбените сили на Украина, кажа Олга Решетилова.
Решетилова на состанокот со шефовите на украинските дипломатски мисии во странство кажа дека речиси 40 отсто од странските волонтери се од земји од Латинска Америка.
Странските броци служат во различни украински воени единици, иако Киев даваше само ограничени јавни информации за нивниот број или состав.
Руски извори тврдат дека има уште повеќе странски платеници и дека најголем дел, односно над половина се од Колумбија.
