Драма се одвивала денеска во центарот на Скопје, откако двајца случајни минувачи покажаа исклучителна храброст и помогнаа да биде спасена жена која паднала во реката Вардар, во близина на Камениот мост.
Според неофицијалните информации, жената, на возраст од околу 50 години, била забележана во реката, по што двајца граѓани од скопската населба Чаир веднаш реагирале. Без размислување влегле во Вардар и успеале да ја извлечат жената на брегот, спречувајќи поголема трагедија.
По пријавата, на местото пристигнале полициски екипи, меѓу кои припадници на интервентната полиција и единицата „Алфа“, како и медицински тим од Итната медицинска помош.
Жената веднаш била преземена од медицинските лица и транспортирана во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што ѝ била обезбедена соодветна лекарска грижа.
Брзата реакција, храброста и човечноста на двајцата минувачи биле клучни за успешниот исход на спасувачката акција.
Веста ја пренесува Skopje1.mk
