Фото: Принтскрин/Јутјуб
Познатата бугарска пејачка Галена објави необична песна во која пее за една од најкористените алатки во светот, а тоа е „ЧатГПТ“.
Галена објави кратка порака на нејзиниот профил на Фејсбук.
„Понекогаш луѓето се сомневаат. Со зборови. Со чувства. Во љубов. И кога веќе не знаете кому да верувате… почнувате да ги прашувате сите. Пријателите… странците… па дури и ChatGPT. Значи, ако еден ден се сомневате и во љубовта… не ме прашувајте мене. Прашајте го ChatGPT“, објави таа.
