Лидерот на СНСД и поранешен претседател на Република Српска, Милорад Додик, објави видео на својот профил на Инстаграм кое предизвика бројни реакции на социјалните мрежи.
На снимката се гледа како Додик седи во автомобил и јаде месен нарезок, користејќи нож, додека во скутот држи парче леб и крпа.
Тој објасни дека поради бројните работни обврски не успеал да појадува навреме, па решил да се снајде во движење.
„Кога обврските нема да ти остават време ниту за појадок, месниот нарезок во автомобил е добро решение“, напиша Додик во описот на видеото.
Објавата за кратко време собра илјадници допаѓања, додека можноста за коментирање беше исклучена.
Веста ја пренесува Crnahronikabih.
