Фото: Принтскрин
Обдукцијата и истрагата на Јавното обвинителство во Белград покажаа дека смртта на 73-годишниот Радивоје е последица од насилен чин. Осомничени се три лица, кои учествувале во убиството.
Двајца од нив пристигнале во станот на 73-годишниот пекар, му ги врзале рацете и нозете и го задавиле, по што ги украле парите и останатите вредни работи од сефот.
Третиот осомничен за тоа време чувал стража во зградата и требало да ги предупреди останатите доколку има опасност.
По злосторството избегале кон Суботица, каде што се обиделе да се сокријат, но полицијата ги пронашла и уапсила. Тие исто така од парите купиле автомобил „Волксваген“.
