Фото: Принтскрин
Еден од најперспективните македонски боксери, Ален Рустемовски, продолжува да реди успеси на меѓународната сцена. Тој блесна на престижниот турнир „Мустафа Талијан“ во Сараево, освојувајќи го златниот медал во категоријата до 60 килограми, во конкуренција на повеќе од 120 боксери од 21 земја.
Освен што се искачи на највисокото место на победничкиот пиедестал, Рустемовски беше прогласен и за најдобар техничар на турнирот, потврдувајќи ја својата извонредна форма и квалитет.
Македонскиот репрезентативец до титулата стигна со две убедливи победи. Во полуфиналето со максимални 5-0 беше подобар од Мутез Бечагра од Алжир, а во финалната пресметка со ист резултат (5-0) го совлада и Јапонецот Шудаи Харада.
