Трагичен инцидент ја потресе Грција за време на борбата со големиот шумски пожар во областа Псата, во западниот дел на Атика. Два противпожарни хеликоптери се судрија во воздух додека учествуваа во гаснењето на огнената стихија.
Во несреќата животот го загубија данскиот пилот и грчкиот координатор на летот, кои се наоѓале во леталото што по судирот се урнало. И покрај брзата интервенција на спасувачките служби, за двајцата не можело да биде направено ништо.
Вториот хеликоптер, иако бил оштетен при судирот, успеал безбедно да слета. Членовите на неговиот екипаж ја преживеале несреќата без фатални последици.
Грчките власти започнаа истрага за да ги утврдат причините за судирот. Во меѓувреме, противпожарните екипи продолжуваат со напорите за локализирање на пожарите, кои дополнително се разгоруваат поради силниот ветер што зафаќа повеќе региони во земјата.
Веста ја пренесува Plusinfo.mk
