Ангелов: Пред нас е период на високи температури и зголемен ризик од пожари – доволна е само една искра.
Дирекцијата за заштита и спасување денеска на стрелиштето „Стенковец“ организираше показна вежба на која беа презентирани дел од маневарските карактеристики на пренаменетите специјални противпожарни возила БТР 80 и пинцгауер.
Во рамки на вежбата, пред возилата беа построени 40 возачи и оператори, најголемиот дел од нив поранешни припадници на македонската Полиција и Армија, кои се ангажирани во системот за заштита и спасување и во одговорот при пожари на отворен простор.
Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, истакна дека институцијата е подготвена за справување со пожарите во периодот што следува, но нагласи дека е потребна максимална внимателност и одговорност од граѓаните.
Тој информираше дека во текот на јули во просек биле регистрирани околу 15 пожари дневно. Благодарение на брзата интервенција на пожарникарите и поддршката од воздухопловните сили на ДЗС, пожарите биле успешно изгаснати.
Локалните врнежи во текот на јули придонеле за намалување на бројот на пожари и го забавувале нивното ширење. Но, со престанувањето на врнежите и најавениот топлотен бран, повторно се зголемува ризикот од пожари на отворен простор.
„Високите температури, ниската влажност на воздухот, сувата вегетација и променливиот ветер создаваат услови за брзо ширење на пожарите. Доволна е само една искра“, предупреди Ангелов.
Тој апелираше граѓаните да не фрлаат отпушоци од цигари на отворен простор, да не палат оган или скара во шума и да не палат стрништа и пасишта.
Посебен апел беше упатен до земјоделците, сточарите и лицата кои работат со брусалки, апарати за заварување и друг алат што создава искри, да бидат внимателни и да преземат мерки за спречување пожари.
Граѓаните се повикуваат да ја исчистат сувата трева и грмушките околу домовите и викендичките, како и веднаш да пријават сомнително однесување во полиција, во пожарната служба или на бројот 112.
„Во периодот што следува потребна е максимална одговорност од сите. Доволна е една искра за да настане голем пожар“, порача Ан






