Фото: Принтскрин
Заменик-претседателот на Советот на безбедност на Русија, Дмитриј Медведев кажа дека конфликтот во Украина ќе заврши со победа на Русите.
„Сè што направија нацистите, не треба да се евидентира, туку на крајот треба да премине во кривични постапки. Така правеше Советскиот сојуз по крајот на Втората светска војна, така треба да направиме и ние“, кажа Медведев.
Медведев зборуваше и за крајот на војната со Украина.
„Мора да размислуваме за идината. Затоа што, кога конфликтот ќе заврши со наша победа, мора да извршиме одредено насочување на луѓе од еден во друг сектор и да извршиме диверзификација“, посочи Медведев.
