Фото: Принтскрин
Руските воени сили извеле необичен напад врз Киев со беспилотни летала на млазен погон, кои за првпат биле лансирани од Доњецк.
Во украинската престолнина се слушнале серија експлозии, додека дроновите се движеле во близина на енергетски објекти.
Вниманието на украинските аналитичари посебно го привлекол новиот правец од нападот. Тие проценуваат дека Русија во моментов истражува нови рути, реакција на против-воздушна одбрана и ефикасност на млазни дронови пред можни масовни удари.
