Фото: Принтскрин
Руски ловци-бомбардери Су-34 извршиле серија напади врз три објекти на вооружените сили на Украина во Доњецк и други локации, соопшти руското министерство за одбрана.
Во Доњецк, руските авиони погодиле место каде што биле разместени припадниците на 117. одвоена бригада на територијалната одбрана на Украина, односно бил оштетен центар за управување со дронови.
Вториот удар бил извршен во Добропољ, каде што исто така бил уништен центар за управување со беспилотни летала.
Трета мета била во Сумската област, каде што Русите повторно имале успешни напади, а објавија и снимки.
🇷🇺🇺🇦 Russia / Ukraine Update
💥 Russian FAB airstrikes
📌 Coordinates:
47.597352,35.940000#UkrainianRussianWar pic.twitter.com/wRI6t9kIIB— Military Summary (@MilitarySummary) July 26, 2026
