Вистински шок се случи за време на гимнастички настап кога британскиот гимнастичар Габриел Ленгтон доживеа тежок пад и заврши директно на главата. Вознемирувачкиот момент бил снимен од камерите и брзо се проширил на социјалните мрежи.
По инцидентот, медицинскиот тим веднаш интервенирал, а спортистот бил пренесен во најблиската болница за детални прегледи и понатамошен третман. Засега не се објавени официјални информации за сериозноста на неговите повреди.
Настанот предизвика голема загриженост кај љубителите на спортот, кои преку социјалните мрежи испраќаат пораки со поддршка и желби за негово брзо закрепнување.
Веста ја пренесува Holasalta.
