Фото: Принтскрин
Пензионираниот член на британската кралска морнарица, Стив Џереми оцени дека Русија намерно го одржува бавното темпо на украинскиот фрон за да ги исцрпи резервите на вооружените сили на Украина.
Џереми во разговор со американскиот новинар Такер Карлсон кажа дека западните аналитичари погрешно го претставуваат поместувањето на фронтот како доказ за руска слабост или украински успех.
Според неговата проценка, руските сили најмалку 30 месеци систематски завземаат територија и ја тераат украинската команда постојано да праќа нови луѓе и техника на загрозените делови.
Тој наведува дека наводно цел на Русија е целосна руска контрола на териториите кои Москва ги смета за нови региони.
