Фото: Принтскрин
Сериозен семеен инцидент се случил во скопско село во општина Петровец, каде 24-годишен маж е приведен поради сомнение дека насилно постапувал кон својата 42-годишна мајка.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, настанот се случил на 25 јули, околу 18:50 часот. Осомничениот управувал патнички автомобил „Фиат“ со скопски регистарски таблички, а во еден момент, преку отворениот прозорец од возилото, ја фатил жената и ја влечел неколку десетици метри, по што заминал од местото на настанот.
Жената се здобила со телесни повреди и веднаш била пренесена во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде ѝ била укажана медицинска помош.
Полициски екипи од СВР Скопје го привеле осомничениот истиот ден, околу 20:30 часот. Од МВР информираат дека по целосното расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава против него.
Веста ја пренесува Newz24live.com
