Електровлечната подстаница сместена помеѓу железничките станици Лисиче и Драчево е цел на масовна кражба што предизвика огромна материјална штета и целосно го онеспособи објектот. При упадот сторителите превртеле два трансформатори тешки над 30 тони, по што го испуштиле трансформаторското масло и ги извадиле бакарните намотки, како и останатите вредни делови.
Од подстаницата биле однесени и бакарни кабли, шини, метални прачки и речиси целата опрема неопходна за нејзиното нормално функционирање. Поради размерите на уништувањето, објектот во моментов е целосно надвор од употреба.
Според првичните проценки, причинетата штета изнесува околу пет милиони евра. Од МЖ Инфраструктура оценуваат дека станува збор за сериозен удар врз железничката инфраструктура и бараат брза и темелна истрага. Истовремено, инсистираат да бидат откриени и санкционирани не само извршителите на кражбата, туку и сите што учествувале во откупот и продажбата на украдените материјали.
Веста ја пренесува 24chasa.mk
