Само неколку дена по погребот на својата ќерка Анастасија (23), која трагично го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа во Борча, поранешната ријалити учесничка Невена Хот се огласи со порака исполнета со огромна болка, љубов и ветување дека споменот за нејзината ќерка никогаш нема да згасне.
Скршена од ненадоместливата загуба, мајката сподели дека ќе продолжи да ја носи Анастасија во секој момент од својот живот и дека ќе се труди да ги исполни сите оние мали желби и соништа кои нејзината ќерка не успеала да ги доживее.
„Ќе ги чувам работите што тебе ти значеа. Ќе слушам музика што ја сакаше, ќе се сетам на твоите навики, на твоите зборови и на сè што те правеше посебна. Ќе одам на места што сакаше да ги посетиш и на секое од нив ќе погледнам кон небото мислејќи на тебе“, напишала Невена.
Таа додала дека ќе продолжи да ја чува добрината, нежноста и карактерот на својата ќерка, ветувајќи дека времето никогаш нема да дозволи да избледи споменот за неа.
„Твоето име ќе остане дел од мојот живот, од моите приказни и од секоја солза што ќе падне. Ќе те носам со мене во секој чекор, во секој здив и во секое чукање на срцето“, порача таа.
Невена истакнала и дека, иако болката ќе остане засекогаш, ќе се обиде да продолжи напред затоа што знае дека нејзината ќерка би сакала да ја види силна.
„Ќе го сакам животот и тогаш кога ќе ми биде најтешко, затоа што знам дека ти би сакала да се борам. Но никогаш нема да те оставам зад себе. Ќе бидеш мојата најголема љубов, мојата најубава ќерка и мојата најголема болка. Додека дишам, ќе те сакам“, напишала Невена.
Анастасија го загубила животот во сообраќајна несреќа во Борча, откако автомобилот со кој управувала излетал од патот, удрил во бетонски столб и се превртел од силниот удар.
Младата девојка била пренесена во Ургентниот центар заедно со сопатничката, но и покрај напорите на лекарите, не успеала да ги преживее повредите.
Невена претходно сподели уште една потресна порака, во која откри дека за својата ќерка купила фустан за последното испраќање, наместо за еден од најсреќните денови во животот на секоја мајка.
„Мајките обично купуваат фустан за свадбата на својата ќерка, а јас купив фустан во кој ќе ја испратам мојата принцеза. Срце мое, ми го скрши срцето на милион парчиња“, напиша таа.
Нејзините зборови предизвикаа силни реакции и голема поддршка од луѓето кои и испратија пораки на сочувство во најтешките моменти.
Веста ја пренесува Telegraf.rs

