Непријатен инцидент се случил на лет на China Eastern Airlines од Ланџоу кон Гујанг. Откако авионот веќе слетал и се движел кон гејтот, од предниот дел на кабината се слушнал извик „Пожар!“.
Патниците веднаш погледнале нагоре и забележале дека од горниот простор за рачен багаж доаѓа пламен. Екипажот и патниците се обиделе брзо да ја стават ситуацијата под контрола, а набргу пристигнале и аеродромски противпожарни возила.
Причината за вакви инциденти често се поврзува со преносни полначи (power bank) и литиумски батерии. Доколку се оштетат, се прегреат или дојде до внатрешен дефект, тие можат да предизвикаат краток спој и нагло согорување.
Токму затоа авиокомпаниите имаат строги правила: преносните батерии треба да се чуваат во кабината, на место каде што можат лесно да се забележат, а не заборавени во горните прегради за багаж. Секогаш треба да бидат исклучени и да ги исполнуваат условите за безбеден превоз.
За среќа, овој пат ситуацијата се случила по слетувањето, кога реакцијата била побрза и пристапот до помош бил полесен. Но, ваквите случаи се потсетник дека мал уред може да предизвика голем ризик.
Веста ја пренесува Pepo.vesti
