Необична бела пена денеска беше забележана во реката Лепенец, во делот каде што се влева во Вардар, на подрачјето на Општина Карпош. Појавата предизвика внимание кај граѓаните, а случајот веднаш бил пријавен до службите преку бројот за итни повици 112.
Според првичните информации, надлежните институции се известени и започнати се активности за утврдување на причините за појавата. Од Регионалниот центар за управување со кризи информирале дека за случајот се известени ЈП „Комунална хигиена“ и Град Скопје.
Експертите посочуваат дека ваков вид густа бела пена може да биде показател за присуство на синтетички материи во водата, но точната причина ќе биде позната по спроведените проверки и анализи.
Веста ја пренесува 24chasa.mk
