Фото: Карате Федерација на Македонија
Младиот македонски каратист Марко Џорлев, кој се натпреварува во категорија до 63 килограми, повторно ја израдува Македонија.
Џорлев е најдобар каратист во светот во кадетска конкуренција, а до врвот стигна со големиот број успешни настапи, меѓу кои беше и освоеното злато во Хрватска.
Македонскиот каратист се наоѓа на првата позиција со 1.320 поени, додека зад него се Филип Комарац од Хрватска со 1.240 и Шимон Бунди од Полска со 840 поени.
