Силното невреме што го зафати Скопје не остави последици само врз домовите, улиците и возилата, туку предизвика штети и на гробиштата.
Според објавите и сведоштвата на граѓаните, на повеќе гробни места имало оштетувања, а во текот на денот немало активности за нивно расчистување или санација.
Во објавата се вели доколку имате блиски погребани на овие гробишта, проверете ја состојбата на нивните гробни места.
Воедно, во објавата се поставува и прашањето: Кој ќе ја преземе одговорноста за настанатата штета и кога ќе започне санацијата на оштетените гробни места?
Фото: Фејсбук објава на Александра Ангеловска.




