Голем шумски пожар предизвика масовна евакуација на повеќе од 10.000 лица, откако пламените јазици зафатија околу 2.000 хектари во југозападниот дел на Франција, во близина на Бордо.
Во текот на ноќта надлежните служби организираа итна евакуација на населението и туристите, додека стотици пожарникари се обидуваат да ја стават огнената стихија под контрола. Во акцијата за гаснење се ангажирани околу 500 пожарникари.
Според првичните информации од локалните власти, нема пријавени повредени. Пожарот избувнал во близина на заливот Аркашон, едно од најпосетуваните туристички места во регионот, поради што голем број од евакуираните се гости сместени во кампови.
Екстремно високите температури што ја погодија Европа во изминатиот период дополнително го зголемија ризикот од избувнување на шумски пожари. Континентот оваа година веќе се соочи со три последователни топлотни бранови, што создаде исклучително неповолни услови за ширење на огнот.
Веста ја пренесува Infomax.mk
