Фото: Принтскрин
Американскиот претседател Доналд Трамп повтори дека разгледува опција за нови големи напади против Иран.
Во интервју за „Аксиос“, Трамп кажа дека е блиску до конечна одлука, но сè уште не решил што ќе направи.
„Размислувам за масовен напад. Поголем од било кога. Блиску сум до конечна одлука“, кажа Трамп.
Тој не наведе кога ќе ја донесе конечната одлука, а двајца американски службеници потврдија за американски портал дека таква одлука сè уште не е донесена.
