Фотографија од пејачот Дарко Лазиќ, направена зад сцената во еден ноќен клуб во Хрватска, предизвика бројни реакции на социјалните мрежи.
На фотографијата Лазиќ позира насмеан со девојка за која, според објавите на интернет, се тврди дека е Албанка. Двајцата со рацете формираат симбол на двоглав орел, кој дел од јавноста го поврза со албанската национална симболика, а некои корисници го протолкуваа и како симбол поврзан со идејата за т.н. „Голема Албанија“.
Девојката фотографијата ја објавила на својот Инстаграм-профил, при што го означила Лазиќ и во описот додала албанско знаме и емотикон со срце.
Објавата за кратко време се прошири на социјалните мрежи и предизвика лавина од коментари. Дел од корисниците го осудија потегот на пејачот, прашувајќи дали бил свесен за пораката што, според нив, ја испраќа со ваквиот гест.
„Ова е навистина неприфатливо“, „Што сакаше да покаже?“, „Дали воопшто знае како ќе биде протолкуван овој потег?“ – се само дел од реакциите што се појавија под објавата.
Засега Дарко Лазиќ јавно не се огласил по повод фотографијата и реакциите што ги предизвика.
Веста ја пренесува Telegraf.rs

