Дамјан направи уште еден важен исчекор во својата битка со болеста. Успешно му е поставен портот што ќе му овозможи полесно примање на хемотерапијата, а во наредните денови треба да го започне и првиот циклус на лекување.
Благодарение на сите хумани луѓе кои ја поддржаа акцијата, средствата за првиот циклус се целосно обезбедени. Секој што донираше даде надеж и сила оваа борба да продолжи.
Но, пред Дамјан е долг пат. За вториот циклус на хемотерапија неопходно е да се соберат уште околу 12.000 евра, за лекувањето да не биде прекинато.
Секоја донација, без разлика на износот, е значајна и може да направи голема разлика. Доколку не сте во можност да помогнете финансиски, споделувањето на апелот е исто така драгоцена поддршка.
Да останеме обединети и да му помогнеме на Дамјан да ја продолжи својата борба без пречки. Заедно можеме да му дадеме нова надеж и шанса за оздравување, се вели во апелот на Ecrowd.mk.
