Вчерашното невреме во Стар Дојран остави впечаток како сцена од научно-фантастичен филм, пренесува Игор Џамбазов во своето видео што го сподели на социјалните мрежи. Силниот ветер, густите облаци и драматичната атмосфера создадоа несекојдневни призори кои ги вознемирија жителите и посетителите.
Небото над Дојран за кратко време се затемни, а природата покажа колкава сила има. Граѓаните сведочеа на силно невреме проследено со поројни врнежи и бурни налети на ветер, а дел од нив ги споделија неверојатните моменти снимени со своите телефони.
